ФФМ ги изненади посетителите на трговските центри: Холограми со фудбалерите…. (ВИДЕО)

Фудбалската федерација на Македонија ги изненади посетителите на трговските центри во главниот град.

Со поставените холограми со сите македонски репрезентативци денеска во „Рамстор“ и „Веро“, и утре во „Сити мол“, ФФМ уште еднаш на интересен начин се одлучи да го промовира настапот на Европското првенство 2020, и дополнително да ја загрее атмосферата пред најголемиот фудбалски настан оваа година на кое прво учество ќе има и Македонија…

Се вчитува...