Фудбалската федерација на Македонија ги пушти во продажба билетите за финалниот натпревар од Купот на Македонија меѓу Силекс и Шкендија.
Натпреварот ќе се одигра на 20. мај (среда) со почеток од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“.
Билетите се веќе достапни преку официјалната електронска платформа на ФФМ, eticket.ffm.mk
- За навивачите на ФК Шкендија се наменети билетите од блок 13 и блок 24.
- За навивачите на ФК Силекс се наменети билетите од блок 19 и блок 23.
- За сите останати љубители на фудбалот, блок 18 од северната трибина е предвиден за неутрални гледачи.
Билетите може да ги обезбедите исклучиво преку електронската платформа на ФФМ, eticket.ffm.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
