ФФМ го пријави Арнаутовиќ: Секогаш сме против национализам, бараме најстрога казна!

Фудбалската Федерација на Македонија го пријавила австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, по националистичките навреди што овој фудбалер ги упати кон Езгијан Алиоски по постигнувањето на третиот гол за Австрија на вчерашниот натпревар.

Арнаутовиќ денеска се извини за своето однесување, но од ФФМ децидно порачуваат дека на фудбалските терени не смее да има простор за национализам и дискриминација.

„Фудбалската федерација на Мaкeдонија најостро го осудува националистичкиот испад на австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, после постигнатиот гол на вчерашниот натпревар со Македонија упатени кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски. Истовремено ве информираме дека поднесовме официјален допис до УЕФА во кој бараме најстрога казна за австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ.

Како “Куќа на фудбалот” секогаш сме против национализам, дискриминација и сите други форми на навреди и испади кои не се во духот на фудбалот и вредностите за кои сите заедно се залагаме.

Секогаш ќе застанеме и ќе ги браниме интересите и достоинството на македонските репрезентативци каде и да настапуваат“, се вели во соопштението на ФФМ.

Се вчитува...