ФФМ ќе ги „украсува“ стадионите: Донација нови столчиња за „Билјанини извори“ во Охрид

Покрај помошта преку Хет-трик програмата на УЕФА за реконструкција на стадионите во четири македонски града, Фудбалската федерација на Македонија издвои средства за донација на столчиња и за дел од останатите стадиони во нашава земја.

Во текот на вчерашниот ден веќе пристигна донацијата од ФФМ до ЈП „Билјанини извори“ во Охрид од 1.7000 нови столчиња кои треба да се постават на единствената трибина на стадионот во нашиот најголем туристички центар. На тој начин се стартува со интенцијата за комплетна реконструкција и обнова на инфраструктурата на спортскиот комплекс „Билјанини извори“, откако претходно беше реконструиран дел од подтрибинскиот простор на стадионот.

Наредниот период планирано е донацијата од ФФМ и за уште неколку стадиони во земјава кои имаат свои претставници на домашната прволигашка и второлигашка сцена.

Се вчитува...