ФФМ ќе одржи Изборно собрание на 18.февруари

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го закажа терминот за Редовното изборно собрание на ФФМ на 18.февруари. На ова собрание, речиси е сигурно дека првиот човек на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, ќе бара нов четиригодишен мандат од делегатите на собранието. Во меѓувреме, до средината на јануари, треба да се одржат собранија на општинските фудбалски сојузи, кои треба да ги достават своите предлози за делегати и за евентуален друг кандидат кој би се вклучил во претседателската трка.

Највисокото тело на Фудбалската федерација на Македонија меѓудругото ги усвои извештаите за работата на телата и органите на федерацијата и извештајот за работата на младинските национални селекции.

Се вчитува...