ФФМ на барање на четири клуба го одложи стартот на Втората лига за 4.март

Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за одложување на стартот на пролетниот дел од сезоната за седум дена. Наместо на 25.февруари, пролетниот дел од шампионатот ќе започне на 4.март. Тоа го побарале официјално четири второлигашки клуба, а ФФМ излезе во пресрет.

„Добивме службено барање од четири второлигашки клуба да се одложи стартот на пролетната полуетапа во Втората лига. Поради замрзнатите терени во Македонија и лошите услови за подготовки, дел од клубовите не беа во можност да се подготват соодветно. Токму затоа, ФФМ излезе во пресрет и одлучи стартот на пролетната полусезона во Втората лига да биде на 4.март“, изјави за ЕКИПА, комесарот за натпревари при ФФМ, Васко Дојчиновски.

Се вчитува...