ФФМ очекувано го „откачи“ Вардар, се реактивира женската А репрезентација

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешниот свој состанок сосема очекувано го одби барањето на ФК Вардар за заштита на Правилникот за натпревари.

„Вардарци“ поднесоа жалба и до УО на ФФМ откако претходно нивното барање околу случајот „младинец“ од мечот Шкендија – Академија Пандев беше одбиено и од Комисијата за натпревари.

Меѓу останатите одлуки од седницата на Управниот одбор донесе и одлука за реактивирање на женската А репрезентација на Македонија, а е прифатен и предложениот проект за развој на женскиот младински фудбал.

Донесена е одлука за формирање лига во млади категории за девојчиња од натпреварувачката сезона 2018/2019, а усвоени се извештаите за работа на репрезентациите до 17 и 19 години на Горан Станиќ и Вујадин Станојковиќ.

Управниот одбор на ФФМ го прифати барањето на ФК Академија Пандев за издвојување финансиски средства и поддршка во организирањето на меѓународниот младински меморијален турнир „Филип Лазаревски“.

Се вчитува...