ФФМ: Отворена дисциплинска постапка против Вардар за слаба организација на мечот против Шкендија Арачиново

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија, на денешната седница, донесе одлуки по разгледувањето на случувањата на натпреварите од МФЛ.

– Фудбалерот на ФК „Охрид Лихнидос“, Дамјан Масевски, се казнува со забрана за настап на четири натпревари.

– Фудбалерот на ФК „Аресими 1973“, Муслими Мухарем се казнува со забрана за настап на еден натпревар.

– ФК „Брегалница 2008“ се казнува со парична казна во износ од 150 евра поради користење на една бакља на натпреварот со ФК Силекс во Кратово.

– Против ФК „Брегалница 2008“ се поведува дисциплинска постапка поради користење пиротехнички средства на натпреварот против ФК „Скопје“ АД.

– Против ФК „Вардар“ се поведува дисциплинска постапка поради слаба организација, односно присуство на повеќе лица од дозволениот број во ВИП-ложата на натпреварот против ФК „Шкендија Арачиново 77“.

– Комет администраторот на ФК „Шкендија Арачиново 77“ АД, Исуф Бајрами, се казнува со забрана за вршење функција во траење од шест месеци, поради неспортски, понижувачки и вулгарен однос, како и вербален напад врз судиите на натпреварот ФК „Вардар“ – ФК „Шкендија Арачиново 77“.

Се вчитува...