Фудбалската Федерација на Македонија ја продолжи помошта за клубовите откако во шесте региони беа распределени вкуппно 1740 топки од компанијата ПУМА, како помош за третолигашките екипи.
„Нова сезона, ама ритамот не го менуваме 😉 Затоа денес, конкретно…
…во шесте региони: Тетово, Битола, Прилеп, Струмица, Куманово и Скопје, распределивме 1.740 ПУМА топки за клубовите од Третите лиги.
Ова е само една од серијата донации за клубовите од домашните лиги. Редот продолжува, следна адреса – пониските лиги“, објави првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
