Бројот на учесници во Првата Македонска Фудбалска Лига ќе биде намален од 12 на 10 клубови, беше одлучено на денешниот состанок на Управниот Одбор на ФФМ.
Покрај првата лига, ќе биде намален и бројот на учесници во Втората лига на Македонија, и тоа од 16 на 14 клубови, а комисија во состав Агим Ибраими, Игор Франговски и Сашо Здравевски ќе спроведе дополнителна анализа и ќе предложи конечни насоки за системот на натпреварување и начините на промоција и испаѓање во новата сезона, пред овие промени што ќе стапат во сила за сезоната 2026/27.
На последната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија ги донесе следните одлуки:
– Бараж натпреварот ЖФК Речица – ЖФК Вардар за пласман во Првата женска фудбалска лига ќе се одигра на 28 мај во 11:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
– Усвоен е Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во ФФМ, со цел зголемување на ефикасноста и професионалноста во работењето.
– Избрана е компанија за реализација и опремување на ВАР соба, како дел од процесот за имплементација на ВАР систем во Прва МФЛ;
– Донесена е одлука да се преземат сите неопходни правни и административни и законски мерки за заштита на интересите на ФФМ во врска со следните стадиони:
Трибина Охрид
Трибина Кичево
Трибина Штип
– Усвоен е предлогот за одржување на on-line седници на комисиите на ФФМ, што ќе придонесе за поефикасна работа и полесна координација.
– Управниот одбор го усвои предлогот за промена на системот на натпревари од натпреваривачката сезона 2026/27:
Прва МФЛ: намалување на бројот на клубови од 12 на 10
Втора МФЛ: намалување од 16 на 14 клубови
Комисија во состав Агим Ибраими, Игор Франговски и Сашо Здравевски ќе спроведе дополнителна анализа и ќе предложи конечни насоки за системот на натпреварување и начините на промоција и испаѓање.
– Кирил Изов е именуван за нов селектор на женската репрезентација до 19 години.
– Астрит Мерко е назначен за селектор на женската репрезентација до 15 години, на местото на Јовица Блажевски.
Со овие одлуки, ФФМ продолжува со процесите на унапредување на фудбалската инфраструктура, организација и натпреварувачкиот систем, со фокус на развојот на македонскиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА