ФФМ со благодарност до фановите за поддршката: Првенство на кое сите сме горди!

Фудбалската федерација на Македонија, преку својот ифицијален сајт, им се заблагодари на навивачите и на сите кои дадоа придонес натпреварите на Македонија до 21 година на Европското првенство во Полска да поминат во извонредна атмосфера и неверојатно единство помеѓу македонските фудбалери и македонските навивачи кои им беа ислучително важен поттик во текот на Европското првенство.

Драги навивачи,

Ви благодариме за поддршката која и ја дадовте на репрезентацијата на Македонија.

Не радува прекрасната атмосфера која се создаде на натпреварите на македонската репрезентација. Тврдевме дека Македонија е држава која безусловно го сака спортот, а Вие на вистински начин ја потврдивте поврзаноста кон нашата репрезентација. Ви благодариме!

Нашите репрезентативци покажаа колку им значи поддршката од трибините и со настапот на Европскиотсобир , а и со своите изјави ја истакнаа важноста која ја носи поддршката од трибините.

Благодарение на нашите навивачи и поддржувачи, нашата репрезентација, селекторот и стручниот штаб и сите вклучени во селекцијата до 21 година – тоа беше првенство на кое сите можеме да бидеме горди!

Се вчитува...