ФФМ со нова голема реформа: Фудбалска Македонија отсега во шест региони!

Во насока на унапредување на организацијата на македонскиот фудбал, Управниот одбор на ФФМ денеска го усвои и предлог системот на ФФМ за уредување на организацијата и структурата на натпреварувањата на национално и регионално ниво во сениорскиот фудбал.

Како што беше и од претходно познато, најавено и усвоено и на Собранието на ФФМ, согласно усвоениот предлог, територијалната поделба на Фудбалската федерација на Македонија ќе биде организирана во шест региони.

Позната е и поделбата на општините по соодветните региони:

Регион 1: Ги опфаќа општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Чаир, Карпош, Центар, Шуто Оризари, Чучер Сандево, Арачиново, Илинден, Петровец, Зелениково, Сопиште, Студеничани и Сарај.

Регион 2: Ги опфаќа општините: Липково, Куманово, Старо Нагоричане, Ранковце, Крива Паланка, Кратово.

Регион 3: Ги опфаќа општините: Кочани, Македонска Каменица, Свети Николе, Лозово, Делчево, Пехчево, Берово, Ново Село, Босилово, Василево, Конче, Струмица, Радовиш, Штип, Карбинци, Чешиново-Облешево, Зрновци, Виница, Валандово, Гевгелија, Дојран, Богданци и Пробиштип.

Регион 4: Ги опфаќа општините: Велес, Градско, Неготино, Демир Капија, Кавадарци, Прилеп, Долнени, Чашка, Росоман, Крушево и Кривогаштани.

Регион 5: Ги опфаќа општините: Битола, Ресен, Охрид, Струга, Вевчани, Дебарца, Кичево, Пласница, Македонски Брод, Могила, Демир Хисар и Новаци.

Регион 6: Ги опфаќа општините: Јегуновце, Теарце, Тетово, Желино, Брвеница, Боговиње, Врапчиште, Гостивар, Маврово и Ростуше, Дебар и Центар Жупа.

Се вчитува...