ФФМ со оценка: ВАР оправдано реагираше, црвениот картон на Тиквеш заслужен

Фудбалската Федерација на Македонија преку соопштение застана зад судиите на мечот во Кавадарци, потврдувајќи дека е донесена вистинската одлука кога беше покажан црвен картон на домашниот фудбалер Лавал.

Соопштението на ФФМ го пренесуваме во целост:

На натпреварот од 5. коло во Првата МФЛ помеѓу екипите на ФК Тиквеш и ФК Вардар, во 25. минута од натпреварот, играчот на домашната екипа со број 22 намерно го удри противничкиот играч со лакт во пределот на главата, без можност да игра со топката.

Станува збор за прекршок кој, според критериумите и Правилата на фудбалската игра, ги исполнува условите за директен црвен картон, односно за сериозно недозволено однесување кое се граничи и со насилничко однесување.

ВАР интервенцијата во оваа ситуација е целосно оправдана и правилна, согласно утврдената линија на ВАР интервенции, со оглед на тоа што станува збор за ситуација која има директно влијание врз одлуката за дисциплинска санкција.

А за ТВ-коментаторот, кој речиси постојано повторуваше дека „нема фаул за црвен картон“ – доколку има потреба, со задоволство ќе му ги објасниме Правилата на фудбалската игра и судиските критериуми, за во иднина јавноста да добива стручна анализа, а не мислење засновано на непознавање на правилата.

Се вчитува...