ФФМ со специјална покана за Суперкупот за бабата која 53 години навива за Јунајтед

Фудбалската федерација на Македонија и даде специјална покана на госпоѓата Нада Скерлев, пензиониран лекар педијатар, која има 84 години и е страствен навивач на Манчестер јунајтед, да присуствува на мечот од Суперкупот на Европа против Реал Мадрид, во вторник на „Телеком Арена“ во Скопје.

Генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски, кој како и госпоѓа Нада ја дели истата страст за „црвените ѓаволи“ денеска ја покани да биде гостин на ФФМ на финалето од Суперкупот на УЕФА. Пензионираната педијатарка навива за Манчестер јунајтед од 1958 година. Љубовта кон Манчестер јунајтед трае 53 години од времето на нејзините студии во Англија.

„Благодарност до ФФМ, ова за мене ќе биде неповторливо чувство. Пресреќна сум што ќе го гледам мојот омилен тим во Скопје“, вели госпоѓа Нада Скерлев.

Се вчитува...