Три клучни судиски одлуки на воведниот натпревар од второто коло од Првата МФЛ помеѓу екипите на ФК Шкендија Арачиново и ФК Силекс.
Во 27. минута од натпреварот, главниот судија не забележува очигледен прекршок врз играчот на домашната екипа кој е внатре во казнениот простор на гостинската екипа, близу до линијата. По правилна ВАР проверка и интервенција, главниот судија по преглед на снимка на терен (OFR) досудува казнен удар за домашната екипа.
Во 45+2 гостинската екипа постигнува гол. Првиот асистент судија правилно ја одложува сигнализацијата со знаме применувајќи го ВАР протоколот и по завршување на нападот сигнализира офсајд прекршок во фазата на градење на напад (APP). ВАР судијата согласно протоколот ја проверува фазата на градење на напад и офсајд одлуката на првиот асистент судија ја потврдува со цртање на офсајд линии. Напаѓачот на гостинската екипа е во офсајд во моментот на додавање на топката од 30 сантиметри. Тесна офсајд одлука, но исправна од асистентот судија и правилно потврдена од ВАР.
Третата клучна ситуација е во 82 минута кога главниот судија пропушта да препознае очигледен прекршок од одбранбениот играч на домашната екипа. Гостинскиот напаѓач е во целосна контрола на топката во моментот кога одбранбениот играч ја промашува топката и го соборува напаѓачот со невнимателен прекршок. По ВАР проверка и интервенција, главниот судија е повикан на преглед на снимка на терен (OFR) по што ја прифаќа ВАР интервенцијата и досудува правилно казнен удар за гостинската екипа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
