ФФМ за Кире Лазаров: Феномен, шампион, крал… ваков веќе не се раѓа, сега ни требаш дома!

Фудбалската федерација на Македонија на својот профил на „Фејсбук“ испрати емотивна порака до Кирил Лазаров, кој објави крај на играчката кариера.

„Човек поради кого илјадници луѓе се заљубија во ракометот.
Феномен.
Волшебник со топка, уметник во движење.
Шампион.
Човек кој засекогаш го промени начинот на кои размислувате за ракометот.
Крал.
Ваков веќе не се раѓа. Сега ни требaш дома.“, стои во објавата на ФФМ.

Се вчитува...