ФИБА ја тргна суспензијата – Работнички ќе може да потпише странски кошаркари

Светската кошарска федерација (ФИБА) го тргна најтрофејниот кошаркарски клуб во Македонија, Работнички од листата на должници на кои им се забранети меѓународни трансфери.

Клубот од „Градски парк“ минатиот месец повторно беше санкциониран поради долгот кој го имаа кон поранешниот кошаркар, Дарко Чохадаревиќ, поради кој добија суспензија и во мај месец. Раководните лица во клубот ги решија проблемите со Србинот, лани пресрет на Суперлигата, но односите повторно се влошија пред два месеци, а Работнички поради тоа доби нова суспензија од ФИБА.

Сепак, суспензијата е тргната, а „Центарци“ ќе можат слободно да ги регистрираат новите засилувања во тимот, Американците Двејн Бенџамин, Крис Кокли и Хејден Лесколт, како и Србинот со македонски пасош Теодор Атанасов.

Во првото коло во новата сезона во кошаркарскиот шампионат на Македонија, Работнички ќе се сретне со ФМП Академија.

Се вчитува...