ФИБА одлучи: Четири земји ко-домаќини и на Евробаскет 2021

ФИБА Европа ја продолжува праксата европските шампионати да бидат организирани од по неколку држави, па така денеска беше обелоденета одлуката – Евробаскет 2021 да се игра во четири земји.

Германија ќе биде домаќин на една од групите, а потоа и на целата завршна фаза (Келн и Берлин), Италија ќе ја има улогата на ко-домаќин (Милано), а довербата на челниците на ФИБА Европа ја добија и Чешка (Прага) и Грузија (Тбилиси).

Организацијата на Евробаскет од страна на четири држави почна во 2015 година, кога беа избрани Хрватска, Летонија, Франција и Германија. Две години подоцна домаќини беа Турција, Романија, Израел и Финска, а трендот дефинитивно продолжува и за следниот европски шампионат.

Македонија ги мина претквалификациските рунди, па нашата национална селекција ќе биде дел од главните квалификации за учество на Евробаскет 2021.

Се вчитува...