ФИБА одлучи кои репрезентации ќе се борат за олимписка виза

Светската кошаркарска федерација ФИБА ја објави листата од 24 репрезентации кои ќе учествуваат во квалификациите за Летните олимписки игри во Токио 2020 година.

По завршениот Мундобаскет познати се осум учесници на ЛОИ. Домаќинот Јапонија, потоа Шпанија и Франција од Европа, САД и Аргентина од Америка, Иран од Азија, Австралија од Океанија и Нигерија од Африка. Преостанатите четири места се резервирани за победниците на четирите квалификациски турнири кои ќе се одржат во периодот од 23. до 28. јуни 2020 година.

На турнирите ќе настапат шеснаесетте најдобри репрезентации од Светското првенство кои не изборија пласман во Токио, како и по две најдобри селекции од сите континенти на ФИБА ранг-листата (Ангола, Сенегал, Мексико, Уругвај, Кина, Јужна Кореја, Хрватска и Словенија).

Се вчитува...