ФИБА промовира нова ранг – листа: Македонија на 38.место во светот

Светската кошаркарска организација (ФИБА) денеска промовираше нова ранкинг – листа на најдобрите репрезентации во светот, која ќе биде спонзорирана од „Најк“. На неа Македонија се наоѓа на 38.место, откако имаше слаби резултати во претквалификациите за СП 2019. Тоа е за четири позиции послаб ранкинг од минатото рангирање, кое сепак и немаше ваков изглед.

На првата позиција се наоѓа кошаркарската репрезентација на САД со 819 поени, пред Шпанија (693) и Србија (641). Новиот европски првак, селекцијата на Словенија се искачи на седмата позиција, со скок од пет места.

На четвртото место е Франција, петторангирана е Аргентина, а во првата „десетка“ се уште и Литванија, Хрватска, Австралија и Бразил.

Селекцијата на БиХ се наоѓа на 42.место, додека Бугарија е рангирана како 52.кошаркарска сила во светот. Црногорците имаат голем скок од 17 позиции, и моментно се наоѓаат на 35.место на листата на ФИБА.

Се вчитува...