Светската фудбалска федерација (ФИФА) побара од САД да гарантира влез во земјата за сите играчи, официјални лица и навивачи, доколку планира кандидатура за организација на Мундијалот во 2026 година.
„На сите репрезентации, вклучувајќи ги и навивачите и официјалните лица од земјите што ќе се квалификуваат за Мундијалот во 2026 година мора да им се обезбеди влез во државата, во спротивно нема да ја добијат организацијата на Светското фудбалско првенство“ – изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Ова доаѓа по спорната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп да се блокира влезот во САД на граѓаните на Ирак, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен.
ФИФА подготвува нови правила за кандидатурите за организација на Мундијалот во 2026. Домаќинот на овој шампионат ќе биде одреден во 2020 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
