ФИФА доделува награда за мир: Прв добитник Доналд Трамп?

Меѓународната фудбалска федерација за прв пат ќе ја додели нововостановената награда – „ФИФА за мир – Фудбалот го обединува светот“.

Ждрепката за Светското првенство во 2026 година, што ќе се игра во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико, ќе се одржи за еден месец, на 5. декември во Вашингтон.

Пред самата церемонија на извлекување, ФИФА свечено ќе ја додели „Наградата за мир на ФИФА – фудбалот го обединува светот“.

Како прв фаворит за нејзино добивање се споменува американскиот претседател Доналд Трамп кој е во многу добри односи со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.

Се вчитува...