На Градскиот стадион во Радовиш се одржа третиот настан од женската фудбалска кампања поддржана од ФИФА.
Повеќе од 50 девојчиња од основните училишта Никола Карев, Крсте Петков Мисирков од Радовиш, Орце Николов од с. Ињево, Кочо Рацин од с. Подареш и Кирил и Методиј од с. Раовица за прв пат се запознаа со убавините на фудбалската игра низ забавни игри на главниот терен на стадионот во Радовиш и станаа дел од големото фудбалско семејство.
Општина Радовиш се покажа како одличен домаќин преку поддршката во организација на настанот и докажа дека навистина е општина која несебично инвестира во развојот на спортот за најмладите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
