ФИФА ги откри номинации за “The Best“ – Роналдо, Меси, три европски шампиони…

Десет врвни фудбалери останаа на денешната листа на ФИФА на финалисти во трката за признанието “The Best”, што светската куќа на фудбалот вообичаено го доделува на најдобриот светски играч за изминатата сезона. Церемонијата е закажана за 23 септември, а променета е локацијата, па наместо во Лондон таа ќе се одржи во Милано.

Вообичаено, на листата на финалисти се најдоа Кристијано Роналдо и Лионел Меси, кои во минатите години беа главни лауреати на овие церемонии. Европскиот првак Ливерпул има тројца кандидати, и тоа Вирџил ван Дајк како сериозен конкурент за признанието, заедно со напаѓачите Садио Мане и Мохамед Салах.  Меѓу десетте најдобри фудбалери во светот се и екс-играчите на Ајакс, Френки де Јонг и Мaтијс де Лихт, а во конкуренција за големата награда се уште и Азар, Мбапе и Кејн.

Во трката за најдобар тренер на сезоната се наоѓаат големите ривали од Премиер-лигата, Јирген Клоп и Пеп Гвардиола, како и Дидие Дешамп (Франција), Џамел Белмади (Алжир), Рикардо Гарека (Перу), Марсело Галјардо (Ривер Плејт), Маурицио Покетино (Тотенхем), Тите (Бразил), Фернандо Сантос (Португалија) и Ерик Тен Хаг (Ајакс).

Се вчитува...