ФИФА ги става под контрола агентите и менаџерските компании

ФИФА планира реформа од 2020 година според која ќе бидат вратени во сила испитите за фудбалските агенти. По три години откако системот беше променет и претставник на играчите може да биде било кој без разлика на претходното искуство, образование и квалификации, Светската федерација ќе го враќа претходното уредување. Конечна одлука не е донесена, но британските медиуми тврдат дека ФИФА е решена промената да биде направена.

Агентите кои полагале под стариот систем ќе бидат исклучени од обврската за испитите, но оние што сега работат, а немаат лиценци ќе мора да полагаат во рок од 12 месеци од воведувањето на старто-новите правила. Регулативата ќе важи и за родители и блиски членови на семејството.

На овој начин, ФИФА ќе се обиде да го запре енормниот налет на агенти во фудбалот (во Англија до 2015 имало 500 регистрирани агенти, потоа бројката пораснала на околу 7.000),  да спречи компании со сомнителни квалификации да работат во име на фудбалерите, но и да спречи сомнителни финансиски трансакции.

 

 

Се вчитува...