ФИФА го загуби и вториот спор против човекот кој го патетинтарал спрејот за фудбалските судии

Федералниот суд во Рио де Жанеиро пресуди во корист на Хајне Алеман и неговата компанија во спорот со Светската фудбалска федерација (ФИФА). Овој бразилски иноватор отсега и официјално ќе биде познат како изумител на спрејот кој долги години го користат фудбалските судии ширум светот, а кој ФИФА без согласност на Хајне го презеде.

„Хајне Алеман и неговата компанија постигнаа уште една победа на суд: судијата на 25. Федерален суд во Рио де Жанеиро го одби барањето на ФИФА и го призна Хајне како изумител на спрејот што го користат фудбалските судии“, пишуваат бразилските медиуми. 

Во тужбата поднесена уште во август 2019 година, ФИФА го наведе отсуството на инвентивен чекор и побара бразилскиот патент да биде поништен. ФИФА ќе има право на жалба на пресудата на Судот во Рио. Ова е втор спор меѓу ФИФА и Алеман. Имено, овој иноватор во 2017 година поднел тужба до истиот Суд против ФИФА за злоупотреба на производот што го патентирал и барал отштета од 40 милиони долари.

И во тој спор пресудата беше во корист на Алеман, но се уште се чека конечната пресуда, бидејќи ФИФА поднесе жалба до Врховниот суд на правдата во Бразил. ФИФА официјално ја воведе употребата на спрејови на Светското првенство во 2014 година токму во Бразил, на натпреварот меѓу таа репрезентација и Хрватска.

Се вчитува...