ФИФА ги потврди плановите за проширување на Светското клупско првенство на 48 учесници, почнувајќи од турнирот во 2029 година. Одлуката, донесена во соработка со Асоцијацијата на европски клубови, отвора врата за поголем број тимови од најсилните европски лиги.
Следното издание на Светското клупско првенство, закажано за 2029 година, ќе има сосема нов формат со 48 тима, што претставува значително проширување на моделот на Светското првенство, објавува британскиот Гардијан.
Одлуката дојде откако ФИФА постигна договор за формирање заедничко вложување со влијателната Асоцијација на европски клубови (EFC) за управување со профитабилното натпреварување. Целта е дополнителна глобализација на турнирот и значително зголемување на неговата комерцијална вредност.
Најголема корист од новиот формат ќе имаат европските клубови, чиј број на загарантирани места ќе се зголеми од 12 на 16. Јужноамериканската конфедерација (CONMEBOL) ќе задржи шест директни претставници, со можност за добивање на седми преку плејофот.
Особено важен е фактот што ЕФЦ, предводена од претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ел Келафи, инсистира на укинување на ограничувањето од максимум два клуба по земја. Ова би отворило пат за учество на голем број тимови од истата лига, особено Премиерлигата на Англија, чии клубови се на самиот врв на листата на коефициенти на УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
