ФИФА ЛИСТА: Македонија остана на 74. место

Победата над Лихтенштајн и поразот од Германија не донесе никакви промени на Македонија на ФИФА листата. Триумф од 0:4 над Лихтенштајн, и потоа поразот со ист резултат од Германија, ја оставија Македонија на 74. место на ФИФА листата.

Има промени во првите 10 селекции. Така Франција и Италија имаат скок за по едно место, додека Англија има пад. Исто така се искачи и Шпанија, на сметка на Португалија, а Данска која во моментов е во најдобра форма и има осум од осум во квалифакациите без примен гол е 10 светска селекција.

До крајот на годината Македонија ќе одигра уште два натпревари и тоа со Ерменија на гости и со Исланд дома, со можност да напреди напредок на рејтингот.

Се вчитува...