ФИФА му додели на Катар уште едно големо натпреварување

Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ) објави дека домаќин на азиското првенство следната година ќе се одржи во Катар, откако домаќинството беше одземено од Кина поради нејзиното продолжување на строгите мерки поради коронавирусот. Освен Катар, каде ќе се одржи Мундијалот од 20 ноември до 18 декември, кандидати за замена на Кина беа уште Јужна Кореја и Индонезија.

Азиското првенство беше поместено на крајот од 2023 година, наместо на средината на годината. Ќе учествуваат 24 репрезентации. Катар беше домаќин на првенството во 1988 и 2011 година. Катар беше еден од кандидатите за организација во 2027 година, но сега веќе нема кандидатски статус, а бројот на домаќини сега е намален на два – С.Арабија и Индија.

„Можностите Катар да биде домаќин на големи спортски случувањата и неговата способност на посветеноста на деталите се дивее светот. Со постоечката инфраструктура која е на светско ниво, како и врвните способности како домаќин, уверени сме дека Катар ќе приреди спектакл“, рече претседателот на АФЦ, Шаик Салман бин Ебрахим Ал Калифа.

Се вчитува...