Играчот на Манчестер Сити, Кевин де Брујне најверојатно уште ова лето ќе си замине од Англија, и ќе се пресели во Саудиска Арабија. Наводно Де Брујне веќе постигнал усмен договор со Ал Итихад. Според информациите, сега престои разговор со Сити за отштетата, која нема да биде проблем со оглед дека договорот му истекува за една година.
Де Брујне е еден од најдобрите играчи во средниот ред. Неговото заминување би оставило голема дупка во Манчестер Сити.
Во минатото Белгиецот беше дел од Генк, Челси, Вердер и Манчестер Сити, каде е веќе девет сезони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА