ФИФА објави детали за ждрепката за СП: Еве со кои селекции може да се падне Македонија ако се пласира на Мундијалот

Македонската фудбалска репрезентација ги чека бараж натпреварите за пласман на идното Светско првенство, а во меѓувреме ФИФА ги објави деталите за ждрепката за групите на Мундијалот, која ќе се одржи на 5. декември.

На идното СП ќе настапат рекордни 48 селекции, а Македонија ќе мора да мине најпрво преку Данска, а потоа евентуално со победникот од дуелот Чешка – Ирска за првпат да се пласира на едно Светско првенство.

Доколку успее во оваа тешка мисија, тогаш Македонија ќе биде сместена во четвртиот шешир и ќе добие силни противници на тој пат. Македонија не може да добие ниту еден од квалификантите кои играат во плеј-офот на УЕФА, а неможе да се падне во иста група и со селекциите на Јордан, Капо Верде, Гана, Курасао, Хаити и Нов Зеланд, кои се исто така во четвртиот шешир.

Белгија, противникот на Македонија во квалификациите се најде во првиот шешир, заедно со домаќините Канада, Мексико и САД, потоа селекциите на Шпанија, Аргентина, Франција, Англија, Бразил, Португалија, Холандија и Германија.

Се вчитува...