Вувузелата која беше популарна на Мундијалот во 2010 година во Јужна Африка, ќе биде забранета на сите натпревари на престојниот Мундијал во САД, Канада и Мексико.
Вувузела е направа која создава чуден звук. Уште пред 16 години речиси сите репрезентации се побунија и бараа истата да се забрани. Меѓутоа беше употребувана и на следниот Мундијал во Бразил.
Сега секој навивач ќе биде проверуван, и доколку кај него биде пронајдено било што кое би им пречело на актерите на теренот, ќе биде запленето и нема да биде дозволено истото да се најде на трибините и да биде употребувано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
