ФИФА откри: Европа ќе добие 16 места во проширениот мундијал

Советот на ФИФА по денешниот состанок со претседеталите на континенталните асоцијации попладнево го објави планот за поделба на местата на проширениот фудбалски мундијал, кој почнувајќи од 2022 година ќе брои по 48 националните селекции наместо досегашните 32. Одлуката за проширување беше донесена уште минатата година, за во изминатите денови да се дискутира околу тоа како ќе бидат поделени новите 16 места за СП.

На крајот, беше донесена одлука Европа да добие дури 16 места на мундијалите во иднина, Африка ќе добие девет, Азија осум места, додека Јужна Америка и КОНКАКАФ зоната ќе имаат по шест претставници. Австралија и Океанија ќе имаат едно загарантирано место на СП, додека последните две места ќе бидат поделени плеку плејоф во кој ќе учествуваат шест селекции, две од нив како најдобро рангирани од ФИФА листата кои нема да обезбедат пласман преку квалификациите. Добивањето на 16 места за СП беше желба од самиот почеток на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, кој предложи на овој начин во секоја од 16-те групи кои се предвидени за СП 2022 да има по една европска селекција.

Останува само уште овие одлуки да бидат потврдени на претстојниот Самит на ФИФА што ќе се одржи на 9 мај, за и дефинитивно да бидат отстранети сите дилеми околу изгледот на „проширениот фудбалски мундијал“.

Се вчитува...