ФИФА почна истрага против Замбија по наводите за сексуално злоставување

Меѓународната фудбалска федерација ФИФА почна истрага против Замбија, по наводите за сексуално злоставување во женската репрезентација за време на СП за фудбалерки кое се одржува во Австралија и во Нов Зеланд.

Од ФИФА најавија жестоки казни ако наводите се покажат вистинити. Истрагата го опфаќа и селекторот Брус Мвапе кој наводно допирал една фудбалерка пред мечот со Костарика.

„Може да потврдиме дека е примена жалба во врска со женската репрезентација на Замбија и тоа во моментов се истражува. ФИФА многу сериозно го сфаќа секое обвинување за непримерно однесување и постои јасна процедура при такви случаи“, стои во соопштението на ФИФА.

Од друга страна фудбалскиот сојуз на Замбија истакна дека не примила никаква жалба за однесувањето на селекторот.

Се вчитува...