ФИФА потврди, ќе се користи ВАР технологија на СП во Русија

Светската фудбалска федерација (ФИФА) на претстојното Светско првенство во Русија ќе ја користи ВАР – технологијата за расчистување на дилемите околу спорните моменти во фудбалската игра. Тоа е веќе одлучено, а се водат преговори со неколку компании околу спонзорството за воведување на оваа технологија.

Ова ќе биде за првпат во историјата, на најголемиот светски фудбалски зобир да биде користена видео-технологија која на арбитрите ќе треба да им помогне околу спорните ситуации во текот на натпреварите. Директорот за развој на ФИФА, Филип Л’флок потенцираше дека ВАР технологијата дефинитивно ќе се користи, а таа ќе донесе поголема правичност при одлуките.

Се вчитува...