ФИФА преку Венгер најавува Светско и Европско првенство на секои две години?

Светската фудбалска организација планира револуционерен проект кој двојно би ги зголемил големите репрезентативни фудбалски настани. Како што најавува Арсен Венгер, кој е прв човек на Одделот за промоција на фудбалот во светот во ФИФА, се прави план за светските и европските првенства во иднина да бидат организирани на секои две години.

Ова би бил револуционерен потег, но прашање е дали со тоа би се сложила УЕФА. Александер Чеферин и Џани Инфантино се во тивка војна, секој се бори за своите надлежности во фудбалот, а УЕФА секако размислува како да ја заштити Лигата на шампионите која носи огромен профит.

Доколку СП и ЕП се организираат на секои две години, тогаш календарот за натпреварување и на домашните лиги, но пред се на Лигата на шампионите би бил премногу згуснат. Практично секој месец би требало да се одвојат прозорци и за настапи на репрезентативните селекции, со оглед на квалифицикациите кои ќе треба да се одвиваат за двете големи фудбалски натпреварувања.

Се вчитува...