ФИФА се закани: Суспензии за фудбалерите кои ќе играат во Европската Супер-лига

Играчите кои ќе бидат дел од Европската Супер-лига нема да можат да играат за репрезентациите. ФИФА најави суспензии за сите фудбалери што ќе бидат дел од најавеното натпреварување. Забараната ќе подразбира комплетна суспензија и ќе ги вклучува и светските и европските првенства. Претседателот на ФИФА, Џани Инфатино, вели дека негова обврска е да го „штити фудбалот“.

„Видовме многу обиди за одделување од главната структура. Или сте во неа или ќе бидете комплетно надвор. Играчите кои на клупско ниво нема да бидат со нас, тогаш нема да играат ниту во националните лиги, во конфедерациските натпреварувања ниту пак на Европските и на Светските првенства“ – вели Инфантино.

Идејата на најголемите и најбогатите клубови во светот за формирање одделно натпреварување, надвор од УЕФА го потресе комплетно фудбалскиот свет. Гигантите како Реал Мадрид, Јувентус, Барселона, Манчестер Јунајтед и уште десетина други одржувале тајни состаноци за формирање клупско натпреварување кое ќе биде пандан на Лигата на шампионите. Информациите излегоа од организацијата „Football leaks“. Стартот на Лигата е најавен за 2021 година.

 

 

 

 

 

Се вчитува...