ФИФА тестира ново правило на Светското клупско првенство – Голманите ќе мора да внимаваат (ВИДЕО)

ФИФА имплементира ново правило во фудбалската игра на Светското клупско првенство кое во моментов се одржува во САД.

Веќе стартуваше примената на новото правило. На дуелот меѓу Улсан и Мамелоди судијата реагираше поради крадење на време од страна на голманот.

Новото правило е дека голманите ќе имаат осум секунди да ја исфрлат топката, а во спротивно ќе биде досуден корнер за ривалите. Токму тоа се случи на мечот меѓу Улсан и Мамелоди.

Се вчитува...