ФИФА жестоко ги казни Уругвајците: Суспензии за четири фудбалери

Дисциплинската Комисија при ФИФА жестоко ги казни фудбалерите на уругвајската репрезентација поради нивниот врз судијата по завршницата на дуелот од СП 2022 против Гана. Голот на Јужна Кореја за победа над Португалија значеше и елиминација на Уругвај од овој шампионат, па дел од фудбалерите бесни на неколкуте судиски одлуки почнаа да трчаат по судијата, при што едвај беше избегнат физички конфликт.

Дефанзивецот Хозе Марија Хименез, кој беше најгласен во протестира, е казнет со четири меча суспензија, а иста казна му беше изречена и на голманот Муслера. Покрај овие двајца, суспензии заработија и искусните Годин и Кавани, но од само еден натпревар неиграње.

Покрај фудбалерите, казнета е и фудбалската федерација на Уругвај, и тоа со 50.000 швајцарски франци и со затворање на двете трибини зад головите на наредниот домашен натпревар што ќе го игра оваа репрезентација.

Се вчитува...