Броени се деновите на Џани Инфантино на чело на ФИФА. Актуелниот претседател на светската куќа на фудбалот се соочува со незапаметен притисок откако огромен број земји и конфедерации јавно побараа негово заминување, а поддршката ја загуби и од своите најмоќни сојузници.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој важеше за негов близок пријател, целосно го „пушти низ вода“ првиот човек на ФИФА, со што дефинитивно му ја запечати судбината.
Капак на се е жестоката реакција на фудбалската легенда Луис Фиго. Во својата последна колумна за британски „Дејли меил“, славниот Португалец упати брутални критики и не бираше зборови за да го опише владеењето на актуелниот лидер.
„Целиот мој живот го сакам фудбалот. Играв професионално 20 години и верувајте ми, запознав многу сомнителни луѓе во овој спорт. Но, она што го видов во последните денови е најниското, најподло и најсебично однесување што некогаш сум го видел“, напиша Фиго.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
