Фијаско на Канада: Од 17 НБА-играчи остана само со еден за СП!

Селекцијата на САД нема да биде единствената драстично ослабена на претстојниот кошаркарски Мундијал во Кина откако со идентични проблеми како Грег Попович се соочи и канадскиот селектор Ник Нурс. Имено, на првичниот список на канадскиот состав за СП во Кина се најдоа дури 17 кошаркари од НБА-лигата, за на десет дена до почетокот на шампионатот Нурс на располагање да има само еден единствен ас од најсилната лига во светот, Кем Бирч од Орландо меџик.

Се почна со отказот на Ендрју Вигинс, кој требаше да биде лидер на канадскиот состав на СП 2019, по што по негови стапки тргнаа и Тристан Томпсон, Џамал Мареј, Ар-Џеј Берет, Кели Олиник, Двајт Пауел и останатите Канаѓани од НБА-лигата. Се уште е неизвесен статусот на Кори Џозеф, кој речиси сигурно ќе го следи примерот на останатите и наместо за Кина ќе отпатува за Сакраменто за да се приклучи на подготовките на својот нов тим.

Очигледен е проблемот на канадскиот селектор, кој се наоѓа во група со силните Литванија и Австралија, како и со селекцијата на Сенегал.

Се вчитува...