Фијаско: Најголем пораз во кариерата на Леброн

Леброн Џејмс се врати во тимот на ЛА Лејкерс за дуелот со Индијана, но тоа се покажа како лоша одлука – откако „езерџиите“ претрпеа пораз од преубедливи 136-94, и тоа во ситуација кога домаќините настапија без својот најдобар кошаркар Оладипо. Честите шпекулации за трејд на речиси сите кошаркари на Лејкерси во обид да се стигне до Дејвис им се удрија од глава на челниците на Лос Анџелес, нивниот тим одигра крајно демотивирано и на крајот сосема заслужено го претрпе убедливиот пораз. А разликата од 42 поени воедно е и најубедлив пораз во кариерата што го има претрпено Леброн Џејмс. Седум кошаркари на Индијана го завршија мечот со двоцифрен ефект, најмногу имаше Богдановиќ (24), а најефикасен кај гостите од Лос Анџелес беше Леброн со 18 поени.

Оклахома сити со беспрекорно издание во нападот го совлада Орландо со 132-122. Пол Џорџ беше незапирлив со 39 поени, а Расел Вестбрук оствари нов трипл-дабл за домашниот тим, завршувајќи го натпреварот со 16 поени, 15 скокови и 16 асистенции.

ЛА Клиперс стигна до нова тешка победа на гостински терен, овојпат во Шарлот со минимални 115-117. Харис беше човекот на одлука постигнувајќи ги поените за победа на четири секунди до крајот, завршувајќи го натпреварот со вкупно 34 поени зад своето име.

Резултати НБА:

Шарлот – ЛА Клиперс 115-117, Кливленд – Бостон 96-103, Индијана – ЛА лејкерс 136-94, Њујорк – Детроит 92-105, Мемфис – Минесота 108-106, Оклахома – Орландо 132-122, Филаделфија – Торонто 107-119, Портланд – Мајами 108-118.

Се вчитува...