Фил Џексон ќе добие статуа пред „Крипто арената“ во Лос Анџелес

Легендарниот тренер Фил Џексон, ќе добие статуа пред „Крипто арената“ во Лос Анџелес.

Џексон е еден од најуспешните тренери во историјата на НБА-лигата со освоени 11 шампионски титули. Тој со Чикаго булс освои шест титули (1991-1993 и 1996-1998), а со ЛА Лејкерс има пет шампионски прстени (2000-2002 и 2009-2010).

Свечената церемонија на која ќе биде откриена статуата на Џексон пред „Крипто арената“ во Лос Анџелес ќе се одржи на деветти април 2027 година во пресрет на дуелот на Лејкерси со Минесота тимбервулфс.

„Фил Џексон со причина е синоним за шампионска кошарка. Неговиот мајсторски пристап кон тренерската работа го извлекуваше најдоброто од некои од најдобрите играчи кои некогаш играле кошарка. Неговата креативност и посветеност ни донесоа пет шампионски титули. Се радуваме што можеме да го одбележиме тоа постигнување со статуа која Џексон ја заслужува“, стои во соопштнието на ЛА Лејкерс.

Се вчитува...