Фил Џексон: Родман е хендикепиран и не е нормален, ама е кошаркарско чудо!

Без сомнение, „Последниот танц“ веќе е најпознатиот снимен документарен филм на сите времиња. Секако, затоа што главната приказна е неповторливиот феномен – Мајкл Џордан.

Но, соодветна минутажа во документарецот неизбежно добива и единствениот лик Денис Родман, за кого тренерот на таа славна генерација на Чикаго булс, Фил Џексон вели:

„Да има во светот повеќе луѓе како Денис Родман сигурно би бил тотален хаос! Тој не е вообичаена, нормална личност. Не е за ова опшество и за правилата кои денес важат“ – вели Џексон во документарецот и дополнува:

„Но, ајде да се фокусираме на позитивното. На тоа дека е тој единствен како човек. На еден начин е хендикепирана личност, но во кошарката го најде своето место, своето знаење и сето тоа го правеше исклучително добро. Но, немој Родман да го гледаме како некој дисфункционален човек, како тип на човек од кого ништо не може да очекувате. Јас мислам дека тој функционира најдобро што може во еден ваков систем на вредности каков ни нуди модерниот свет“.

Џексон мисли дека кошарката, всушност, го спасила Родман…

„И навистина е прекрасно што Денис најде начин да се вклопи. Чисто се сомневам дека би можел да биде класичен тип, некој кој станува во 7 наутро и до 17 часот работи во некоја канцеларија. Во овој свет, во кошарката успеа на извонреден начин и тоа мора максимално да се цени“ – вели Фил Џексон во последната епизода на „Последниот танц“.

Се вчитува...