Филаделфија и Мајами непобедливи на домашен терен (ВИДЕО)

Џоел Ембид со дабл-дабл ефект од 22 поени и 10 скока во тандем со Тобајас Херис кој постигна 20 поени беше клучен за тирумфот на Филаделфија од 97-92 во пресметката со Денвер. Феиладелфија останува непоразена на домашен терен сезонава, ова беше 13-ти тирумф пред нејзините навивачи. Кај Денвер, Никола Јокиќ имаше дабл-дабл учинок од 15 поени и 11 скока, а прв стрелец беше Вил Бартон со 26 поени. Филаделфија е четвртопалсирана во Источната конференција со вкупен ефект од 18-7. Денвер е на петтата позиција на Запад со биланс 14-8. „Нагетс“ се во лоша серија од три последовни порази.

Мајами задено со Филаделфија и со Бостон е во тројката екипи кои единствени се без пораз на домашен терен во досегашниот тек од сезоната. Мајами ја продолжи серијата на 11 натпревари без неуспех пред домашните навивачи со победата над Атланта од 135-121 по продолженија. Мајами до победата дојде со невројатната серија од 22-0 на крајот од регуланиот дел и влезот во продолжението.

Во победничкиот состав историско постигнување имаа Кендрик Нан и Данкан Робинсон. Тие станаа рекордерен тандем по бројот на заеднички поени на недрафтувани играчи. Заедно имаа 70 поени откако Нан постигна највисоки во кариерата 36 поени, а Робинсон уфрли 34. Мајами дојде до 18-та победа, има и шест порази и е на третото место на Исток. Атланта има обратен биланс и е 13. во оваа Конференција. Младиот Бам Адебајо го забележа првиот трипл-дабл ефект во кариерата, постигна 30 поени, а имаше и по 11 скока и асистенции.

Победи забележаа и Портланд над Њујорк со 115-87 и Шарлот над Вашингтон со 114-107.

 

Се вчитува...