Филип Алексовски ќе го предводи нападот на штипска Брегалница, промовиран и голманот Јашар

Филип Алексовски е најновото засилување на Брегалница за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Алексовски беше стандарден првотимец минатата сезона во првата лига настапувајки за Башкими.

Тој постигна седум гола на 31 натпревар во дресот на кумановскиот прволигаш. Тој е поранешен македонски репрезентативец до 21 година, а во кариерата освен Башкими, има настапувано за Беса, Кораб и Македонија ЃП.

„Станува збор за квалитетен офанзивец со изразен голгетерски инстинкт, кој може да настапува во шпицот на нападот и како десно крилен напаѓач. Неговите најголеми квалитети се играта „еден на еден“, брзото менување на правецот, навременото влегување во празен простор и добрата реализација пред противничкиот гол. Благодарение на овие карактеристики, Алексовски претставува играч кој може да направи разлика во секој натпревар и да биде значајно офанзивно оружје за нашиот тим“ – порачаа од ФК Брегалница.

Како ново засилување, промовиран и голманот Амир Јашар.

Станува збор за 35 годишен, одличен и искусен голман, кој доаѓа од редовите на Башкими. Во својата богата кариера, Јашар ја чуваше мрежата на ФК Скопје, Гостивар, Шкупи, Тетекс, Дрита и Башкими, а интернационален ангажман имаше во Косово, настапувајки за Вуштрија и Влазнија.

Се вчитува...