Филип Ивановски: Дојдов во Полска да ги следам историските мечеви на Македонија

ЕКИПА во Гдиња,

Никола Ѓуровски, Владимир Булатовиќ, Игор Паневски

Играше во Полска како интернацооналец во Полонија Варшава и во Гроцлин, а сега се врати овде, но во улога на навивач, следејќи ги настапите на македонската фудбалска репрзеентација на Европското првенство. Досегашниот фудбалер на Работнички, Филип Ивановски, ги следеше во живо од трибините во Гдиња и во Бидгошч, двата први натпревари на избраниците на Благоја Милевски.

„Дојдов во Полска да ги следам историските мечеви на Македонија. Играме на Европско првенство и тоа воопшто не е мала работа. Сите треба да им дадеме поддршка на овие млади фудбалери, затоа што го исполнија сонот на сите досегашни генерации, Македонија да биде дел од ЕП. И тука исто така се одлични, го покажуваат својот несомнен квалитет, иако загубија убедливо од Шпанија воопшто не беа инфериорни, а беа на прагот на победа против Србија“, вели за ЕКИПА, Филип Ивановски.

Се вчитува...

buy windows 11 pro test ediyorum