Екс-фудбалерот на Јувентус и српски репрезентативец Филип Костиќ ќе ја продолжи кариерата во редовите на ПСВ Ајндховен. Искусниот левокрилен фудбалер одлучил да се врати во Холандија, иако во трката за неговиот потпис сериозен интерес покажуваше и грчкиот АЕК.
На Костиќ му истече договорот со Јувентус по завршувањето на минатата сезона, по што стана слободен играч и веднаш привлече внимание од неколку клубови. Најконкретни беа ПСВ и АЕК, а грчкиот клуб вложил големи напори да го убеди да се пресели во Атина.
Тренерот на АЕК, Марко Николиќ, лично разговарал со српскиот репрезентативец и му ја претставил својата визија за тимот, како и улогата што би ја имал во новата сезона. Сепак, и покрај настојувањата на клубот, Костиќ решил дека најдобра опција за него е враќањето во холандскиот фудбал.
Според информациите, Костиќ ќе потпише двегодишен договор со актуелниот холандски шампион, а официјалната потврда на трансферот се очекува во наредните денови.
За 32-годишниот фудбалер ова ќе биде враќање во земјата каде што ја изгради својата меѓународна кариера. Во 2012 година тој го напушти Раднички Крагуевац и се пресели во Гронинген, каде што ги направи првите големи чекори на европската сцена. Подоцна настапуваше за Штутгарт, Хамбургер, Ајнтрахт Франкфурт и Јувентус, а со клубот од Франкфурт ја освои Лигата на Европа во 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
