Филип Костиќ промовиран во ПСВ Ајндховен

Српскиот репрезентативец Филип Костиќ и официјално е нов играч на холандскиот шампион ПСВ Ајндховен, соопшти клубот.

Искусниот 33-годишен крилен фудбалер потпиша договор со ПСВ до јуни 2028 година, откако летово стана слободен играч по истекот на договорот со Јувентус.

За Костиќ ова претставува враќање во холандскиот фудбал по пауза од 12 години. Тој претходно настапуваше за Гронинген од 2012 до 2014 година, по што кариерата ја продолжи во Бундеслигата.

Во својата богата кариера Костиќ ги бранеше боите на Раднички Крагуевац, Гронинген, Штутгарт, Хамбургер, Ајнтрахт Франкфурт, Јувентус, а минатата сезона ја мина како позајмен играч во Фенербахче.

Со трансферот во ПСВ, српскиот репрезентативец повторно ќе има можност да настапува во Лигата на шампионите, бидејќи клубот од Ајндховен минатата сезона ја освои титулата во холандското првенство.

За репрезентацијата на Србија, Костиќ досега има одиграно 64 натпревари и постигнато три гола.

Се вчитува...