Досегашниот капитен, Филип Кузмановски доби спогодбен раскин на договорот со Металург десет месеци пред рокот и сега е слободен играч.
Според договорот, Кузмановски за „слободата“ се откажува од парите што му ги должи Металург, а клубот ќе ја добие и пропишаната отштета од неговиот нов клуб од околу 2.500 евра од странски или 750 евра од македонски клуб.
Се шпекулираше дека за македонскиот репрезентативен бек е заинтересиран Вардар, но вардарци според неофицијалните најави веќе имаат договор со словенечкиот лев бек Грега Оцвирк и ја затвораат таа позиција. Од опциите што неофицијално се споменуваа деновиве, за Кузмановски е заинтересиран Еурофарм Работник, а има и опции тој кариерата да ја продолжи во странство. Една од најчестоспоменуваните дестинации е ППД Загреб под водство на Лино Червар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА